Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Кипар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 65 километри, во областа Пафос, на околу стотина километри од Лимасол.
Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време.