Земјоделците ќе добијат по 6.000 денари за хектар ззасадена површина

90

Годинава за растителното производство се обезбедени субвенции од 2 милијарди денари. По 6.000 денари за хектар им следуваат на земјоделците за сите полјоделски култури. Дополнителна финансиска помош ќе добиваат оние што употребуваат сертифицирано семе или производството го предале во сопствени или други преработувачки капацитети…

По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, индустриски култури, добиточна храна, лековити, ароматични и зачински растенија.

Услов е минималната засеана површина, заедно со сите култури да изнесува 5, а за тутунот 2 декари.

Целосна субвенцијата се добива за насеани ниви од половина до 50 хектари, а за над 100 хектари таа се намалува и изнесува 30 проценти од износот.

Доколку е употребен сертифициран семенски материјал, земјоделците имаат право на 7.000 денари дополнителна субвенцијата и тоа за пченица, јачмен, пченка, сончоглед, ориз и маслодајна репка.

Висината на дополнителните плаќања за оризот е 12.000 денари без и 19.000 со употреба на сертифицирано семе.

Производителите на пченица, јачмен, маслодајна репа и сончоглед имаат право на дополнителни 6.000, а за афионот 18.000 денари доколку го предадат во други или сопствени преработувачки капацитети.

Барањата се поднесуваат од 10-ти мај до 1-ви јули годинава.