Зелка, кисела или свежа, што и да одберете, вашето здравје само ќе има полза

80

Киселата зелка е најдобриот пробиотик што постои, а свежата зелка е исто така многу лековита и нејзиниот сок се препорачува за луѓе кои имаат нарушен чир на желудникот или дванаесетпачното црево. Овој сок се пие неколку недели континуирано на празен стомак непосредно пред јадење.

Употребата на зелка како облога е исто така многу корисна при многу здравствеми проблеми. Тоа се должи на фактот дека зелката е богата со витамини Ц и К и има силно антиинфламаторно дејство.

Компресите од зелка се одлични против воспалени и проширени вени, рани, исеченици, истегнувања. Тие исто така може да се користат за лекување на голем број кожни болести.

Комбинацијата од кантарион, зелка и мед е одличен премаз за воспалени гради кај жени кои дојат .