Зеленски: Способностите на копнените сили на Украина ќе бидат ограничени се додека Русија има воздушна супериорност

65

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска оцени дека можностите на нејзините копнени сили, со недоволна муниција и жива сила, се „ограничени“ и ќе останат такви се додека Русија, која има окупирано делови од нејзината територија, има воздушна супериорност.

„За жал, очигледно е дека сега, додека Русија има воздушна супериорност и може да се потпре на теророт на своите беспилотни летала и ракети, нашите опции на копно се ограничени“, се вели во неговата порака до земјите на НАТО.

Бидејќи испораките на оружје за Киев се одложуваат поради опструкции во американскиот Конгрес, Украина ги исцрпи резервите на муниција и ракети за противвоздушна одбрана.

Во меѓувреме, Русија го зголеми производството на оружје и има иницијатива во Украина, на источниот фронт, веќе неколку месеци.

Во меѓувреме, долго одложуваниот пакет помош стигна на агендата на Претставничкиот дом на САД и покрај противењето на крајно десничарското крило на Републиканската партија, кое има тенко мнозинство во него.