Зеленски: Не даваме територија заради мир!

69

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека Украина нема да отстапи дел од својата територија заради постигнување мир.

„Не, тоа е наша територија“, рече Зеленски во интервју за американската мрежа CBS.

Тој рече дека Украина ќе напредува и ќе ослободи територии дури и кога ќе помине убавото време.

Сепак, Зеленски призна дека украинската армија се соочува со тешка ситуација на фронтот и дека контраофанзивата не напредува доволно брзо.

Тој рече и дека во војната во Украина се брани светскиот поредок.

„Ако Украина падне, што ќе се случи за 10 години? Ако (Русите) стигнат до Полска, што е следно? Третата светска војна?“, праша Зеленски.

Како што вели тој, Украина ги брани вредностите на целиот свет.

„Украинскиот народ ја плаќа највисоката цена. Се бориме за нашата слобода, гинеме. И тоа не е фикција, не е книга. „Ние навистина се бориме против нуклеарна држава која се заканува да го уништи светот“, рече тој.