Зеленски: Немаме доволно оружје за ослободување на Мариупол

646

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, откри дека Украина не добила доволно оружје за да ја запре опсадата и да го ослободи Мариупол.

Зеленски изјави дека укрианските бранители и понатаму продолжуваат со отпорот во челичаната Азовстал.

„Ги користиме сите можни дипломатски инструменти за да ги спасиме, но Русите не дозволуваат ниедна од предложените опции. Побаравме од нашите партнери остава на оружје за да може да го деблокираме Мариупол и да ги спасиме цивилите и воениот персонал“ – рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека украинските населени места и неколку поголеми градови, во изминатите два и пол месеци се погодени со 2250 проектили.

„Бомбардирањето не престанува, ни дење ни ноќе“ – рече Зеленски.