Здраво и вкусно: Домашно чоколадо за 15 минути

567

Чоколадото ви е омилениот десерт, а уште поомилен ќе ви стане кога ќе го подготвите сами. Домашното чоколадо е здраво, а за вкус нема дискусија.

Пробајте нема да згрешите, подготовката е лесна.

  • 70-100 грама какао
  • 50 милилитри млеко
  • 2 лажици мед (количината на мед зависи од вашиот вкус)
  • 50 грама обично или кокосово масло
  • суво овошје, јаткасти плодови, сува кора од портокал, се ова се додава по вкус, но може да биде и едноставно без овие состојки

Подготовка:

На тивок оган загрејте го млекото, но не му дозволувајте да зоврие. Промешајте, додајте ги маслото и промешајте.

Во сад измешајте ја смесата со какаото. Какаото додавајте го постепено и со мешање за да не се создадат грутки.

Готовата смеса загрејте ја на тивок оган или пареа.

Тргнете го тенџерето од оган и додајте мед.

Сувите додатоци можета да ги додадете сега, по желба исечкани или цели пропржени ореви, бадеми, лешници или суво овошје.

Смесата можете да ја ставите во калап или да ја поделите на мали делови. Оставете ја еден час во фрижидер, а потоа уживајте во домашно направеното чоколадо.