Здравко Чолиќ за добриот глас „пие“ јајца од препелица, а за густа коса користи маслиново масло и шампон од коприва

125

Во што е тајната на младешкиот изглед на 74-годишниот пејач и неговото моќно пеење …..Кожата на лицето ја одржува со исто така чисто природни производи. Со кремовите. Најинтересно е што тие кремови се направени во манастир со две раце и десет прсти од вредните свештени лица. Здравко никогаш немал ботокс, ниту пак имал други хируршки интервенции на лицето. Голем противник е на цртање или обликување на веѓите. Она што најмногу му помага во неговата виталност е спиењето!        

Летните одмори се во полн ек, а се одмора (со повремени концертни настапи) и пејачката мегаѕвезда 74-годишниот Здравко Чолиќ. Тој ова лето, нема да пее во Македонија, но поупатените велат дека неколку пати на неколку дена го имаат видено на охридските плажи како се одмора, далеку скриен од очите на неговите многубројни обожавател(к)и. А, оние што го виделе вистински се восхитуваа на Чолиќ, кој и на тие пристојни години сè уште одлично изгледа.

– Тој во шорцевите за пливање е жив пример како треба секој од нас да се грижи за своето тело и својот дух. Легендарниот пејач изгледа како некое момче, нема „пивско“ стомаче, а тоа е затоа што отсекогаш бил познат по својот дисциплиниран пристап кон животот и здравјето.

Домаќинката која долги години му ја подготвува храната, а која посака да остане анонимна, вели дека менито на Здравко ја крие тајната на неговиот младешки изглед.

-Никој не е како Здравко што се однесува до храната. Многу е дисциплиниран човек. Сè што е поврзано со неговото здравје му е на првото место. Тоа подразбира на прво место здрава исхрана речиси без месо, спиењето, добриот сон. Раното легнување е на второ место, а физичка активност е на трето место. Здравко го започнува денот со мед, лимон и чиа.  Тие три состојки ги пие пред појадок. Ретко јаде месо и тоа чисто говедско. Во другите денови, комбинира пилешко со свежа салата, потоа и риба со зеленчук од домашна фарма. Речиси и да не знае да се напие некое апче, освен можеби кога го боли главата.

Многу луѓе се прашуваат како го одржува гласот, кој е мек, како да е на почетокот на својата кариера. Тајната е во тоа што пие јајца од препелица. Често си прави „гаргара“ со камилица и жалфија, открива домаќинката на Здравко.

Што се однесува до неговиот физички изглед, Чолиќ исто така има посебни правила на „однесувањето“.

-Некои му се смеат поради бојата што ја користи за косата. А, не е смешно. Човекот не сака да има бели влакна. Тој има густа коса уште од детството и во адолесценцијата имаше таков квалитетите на косата. Внимателно ја негува со голем број исклучиво природни препарати, нема ниту трошка од некоја хемија. Тоа се производи од маслиново масло.  Сака да носи подолга коса, не сака од оние војничките или што се вели никогаш не носи строго машка фризура „на единица“. Косата често ја мие и со шампони од коприва кои му ги прават и му ги носат селаните од планините.

Кожата на лицето ја одржува со исто така чисто природни производи. Со кремовите. Најинтересно е што тие кремови се направени во манастир со две раце и десет прсти од вредните свештени лица. Здравко никогаш немал ботокс, ниту пак имал други хируршки интервенции на лицето. Голем противник е на цртање или обликување на веѓите.  Она што најмногу му помага во неговата виталност е спиењето. Сака добро да се наспие. Во просек спие од седум до десет часа. Додека спие не сака никој да го вознемирува со пораки на мобилниот. Тогаш телефонот го исклучува, па и да е итно нешто нема да го добиете. Само неговата сопруга знае како може да го разбуди и додека спие, другите за таа тајна, немаат поим. Така Здравко си сака.

Задолжителна му е и онаа специфична попладневна дремка по добриот ручек. А, и после пешачењето кое кај него се состои во должина од десетина километри. Исто така сака многу да плива. Преку зима во затворен базен, а преку лето тоа е секогаш на некое море.    Д.М.