ЗДРАВКИЦА МИЛИЌ:Маша е мој најголем успех во животот!

56

Здравкица Билбиловска, која пред неколку години стана госпоѓа Милиќ деновиве го прослави 4. роденден на ќеркичката Маша. По тој повод атрактивната водителка на социјалните мрежи објави интересен колаж на фотки од својата миленичка и напиша:

“Бескрајно сум благодарна на бога што ја имам титулата мајка на ова најпрекрасно суштество, мојот најголем успех! Среќен 4-ти роденден, принцезо моја!”.

Инаку, Здравкица во едно неодамнешно интервју за ВЕЧЕР рече дека откако станала мајка нејзиниот живот добил комплетно нова димензија и истакна дека Маша е нејзина најголема радост.

“Не сакам да звучи како клише, меѓутоа мајчинството е нешто што не можеш да го опишеш со зборови, мораш да го почувствуваш. Раѓањето на Маша ме промени многу, станав појака, посигурна, поодговорна и онлајн сум буквално 24 часа на ден за неа. Иако имам многу обврски се трудам да избалансирам со се и го спојувам корисното со убавото. Се разбира, семејството ми е на пиедестал и морам да потенцирам дека имам голема среќа што го работам она што го сакам. Кога се сака, се се може”, заклучи водителката.

(J.A)