На продажба е здолништето што го носеше пејачката Ејми Вајнхаус на својот последен концерт одржан на 18 јуни 2011 година во Белград.

Ејми тогаш носеше кратко здолниште во црно-зелена комбинација, дизајн на стилистката Наоми Пери. Тоа здолниште сега се продава на аукција за 14 илјади фунти, а парите ќе бидат донирани на Фондацијата Ејми Вајнхаус.

Оваа Фондација која е формирана во знак на сеќавање на Ејми, ги инспирира децата и младите да имаат поголема самодоверба. Семејството на пејачката на аукција ќе стави и други нејзини лични работи како дизајнерска облека и чанти.

На концертот во Белград, Ејми едвај стоеше на нозе и тешко пееше, а под снимката на тој концерт на YouTube бројните обоаватели на пејачката коментираа дека тоа е тажна глетка.

Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година во Лондон на 27-годишна возраст.