Зголемен е бројот на загинати и повредени во пукањето во средното училиште во Џорџија – некои се повредени додека бегале

810
epa11585135 First responders on the scene of a shooting at Apalachee High School in Winder, Georgia, USA, 04 September 2024. At least four people died and nine injured after a shooting at the school, the Georgia Bureau of Investigation (GBI) announced on social media platform X, formerly Twitter, adding that one suspect was in custody. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Според најновите информации на Си-Ен-Ен, околу 30 лица се повредени во пукањето во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија.

Некои се повредени од огнено оружје, а некои се повредени при бегството.

Еден осомничен е приведен, соопштија властите, но не е јасно дали тој бил ученик во училиштето.

Според нив, инцидентот е под контрола и учениците се пуштени од училиштето.

Се верува дека осомничениот напаѓач е 14-годишно момче, изјави за Си-Ен-Ен извор од органите на редот.

Осомничениот е жив и е во притвор, соопшти Бирото за истраги на Џорџија во објавата на платформата Х.

Белата куќа во соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации.

Шерифот на округот Бароу во Џорџија претходно на прес-конференција соопшти дека неколку луѓе се повредени, но одби да соопшти бројки. Тој изјави дека може да бидат потребни неколку дена за да се расветлат сите аспекти на инцидентот.