ЗВУЧИ СОВРШЕНО! „Пресели се во Шпанија и заработи до 3.000 евра“

63
Фото: Instagram javitttto

Доколку сте притиснати од зголемените трошоци за живот и ви е преку глава од студените зими, едно гратче во Шпанија има понуда за вас.

Со преселување во оваа земја можете да решите барем еден од тие два проблема, бидејќи Понга се наоѓа во топла рурална планинска област.

Понга е мал град сместен во северните шпански планини, помеѓу два национални парка. Во моментов има околу 600 жители, а таа бројка секоја година се намалува. Со цел да ги заживее руралните области, Шпанија започна нова акција. Нивното мото е „Пресели се во Шпанија и заработи до 3.000 евра“, а кампањата моментално е отворена само за граѓаните на Велика Британија, пренесува TU Magazine.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javier Valladares Lobera (@javitttto)

Ова може да биде проблем за заинтересираните од Македонија, но и од другите делови на светот – а сигурно ги има, бидејќи понудата воопшто не звучи лошо.

Локалните власти се подготвени да платат сума од нешто помалку од 3.000 евра на заинтересираните граѓани за да се преселат. Таа сума се плаќа по член на семејството, вклучувајќи ги и децата. Со преселувањето сакаат да го подмладат населението, и да им понудат над 2.000 сончеви часови во текот на годината.

Заинтересираните мора да останат во градот најмалку пет години, што не е проблем со оглед на околината и природата на Понга. Имено, градот е дом на голем природен резерват. Ова значи дека жителите ќе имаат пристап до прекрасни патеки за пешачење, одлични места за набљудување птици и возбудливи активности за испумпување на адреналин.

Околината на градот е на листата на УНЕСКО како уникатен биосферен резерват кој се наоѓа во срцето на планините Кантабрија, а брегот е на само еден час возење оддалеченост, според магазинот „Тајм аут“. На овој начин, градот го поврзува континенталниот планински дел на Шпанија со брегот на морето.