Зверев е победник на завршниот мастерс турнир во Торино

52

Германскиот тенисер Александар Зверев, се закити со титулата на завршниот мастерс турнир во Торино, откако во финалето го победи Русинот Данил Медведев со 6:4, 6:4.

Иако предвидувањата беа дека финалето ќе донесе супер-неизвесен дуел, олимпискиот шампион одигра маестрално и без проблеми славеше над освојувачот на САД Опен.

На овој начин Зверев му се реваншира на Медведев за поразот во групната фаза и по вторпат во кариерата го подигна трофејот од овој Мастерс, по триумфот во 2018 година во Лондон.