Сигурна сум дека во следните две години ќе се остварам како мајка, а засега имам само куче кое ми е како дете, објаснува популарната Шерифовиќ

Неколку интересни фотографии на кои е популарната српска евровизиска победничка Марија Шерифовиќ со својот домашен миленик, направија хаос на социјалните мрежи. Но и хаос во нејзиното секојдневие. Хаосот е во тоа што ова воопшто не е син на Марија, туку е нејзиното милениче, булдог кој се вика Хак. Со него е премногу врзана. Заедно спијат и заедно јадат во кревет. Марија него го има после смртта на претходното куче Роби. Пејачката толку беше тажна, па тогаш напишала: “Сине! Сине! Каде одиме? Сине! Ало, момче! Каде ќе одиме“! Медиумите ова го искористиле да објават цели приказни во кои стои пред сè во насловите, дека Марија има син таму некаде во странство, а кој успешно го крие од фановите. Но, кога ќе го прочитате текстот ќе видите дека станува збор за куче, а не за дете. Иако е познато дека Марија често изјавува како ќе оди на вештачко оплодување, тоа сè уште не се случило, па дотолку повеќе збунува веста за нејзиниот син, кој воопшто и не постои.  Д.М. фото:Инстаграм