„Збунет“ пречек на Меркел во Тирана: Прво се заглави вратата од автомобилот, потоа Рама „заборави“ на протоколите/ВИДЕО

664

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска престојува во официјална неколкучасовна посета на Тирана.

Под силно обезбедување Меркел пристигна пред Палатата на бригадите каде ја пречека премиерот Еди Рама. Кога требаше да излезе од автомобилиот се случи мал гаф. Имено, се заглави вратата од возилото, па придружбата на германската канцеларка едвај ја отвори.

При поздравувањето пак, Рама и подаде рака, но таа го потсети на протоколите, поздравувајќи го тупаница.

Меркел во Тирана ќе се сретне со шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, при што во преден план ќе бидат прашањата за регионалната соработка. Планирани се и разговори лице в лице со шефовите на владите на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, и Црна Гора. Посетата на Меркел доаѓа како дел од Берлинскиот процес.