За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

4

Во период од 8 до 12 часот на територијата на СВР Тетово сообраќајните полицајци денеска изрекле санкции за 46 возачи кои управувале со возилата со брзина поголема од пропишаната. 

Во оваа акциска контрола, како што соопшти Министерството за внатрешни работи е утврдено дека девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

ритоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.