Четириесет и седумгодишна жена од Сплит се заразила со коронавирусот по втор пат во четири месеци. Вториот пат симптомите се многу потешки, пишува Дневник.хр.
Првпат се разболела во април кога вирусот и го пренела колешка од работа. Имала поблаги симптоми, тежок замор, губење на вкус и мирис и болка во мускулите.
Таа направила ПЦР тест кој бил негативен. Потоа направила тест за антитела што покажал дека ги има во голема количина. Во клиниката и објасниле дека тоа значи дека таа претходно прележала потешка форма на болеста.
Лекарот затоа ја советувал да ја одложи вакцинацијата за шест месеци „затоа што же биде безбедна толку месеци“. Но, минатата недела, четири месеци подоцна, нејзината ќерка (21) добила висока температура, и во еден момент загубила свест. Следниот ден, таа веќе била позитивна на коронавирусот.
“Покрај постојано покачената температура, се појавија и болки во колената и мускулите. Ми се случува и заматување на погледот и очите, – “како да имам тенда место трепавици“, вели таа додавајќи дека има чувство дека болката се движи по целото тело.
Епидемиологот и објаснил дека овојпат таа се заразила со новиот делта сој, со кој досега стекнатите антитела немаат никаква врска, пренесува Дневник.хр.