ЗА ФАНОВИТЕ: Северина со сопствени вибер-стикери

121

Северина е првата славна личност во Хрватска која работи со една од водечките светски платформи за пораки Ракутен Вибер. Имено, Северина ќе добие сопствени стикери. Со текот на годините, тие станаа многу популарен начин на комуникација на Вибер. Имено стикерите се исклучително забавен и шарен начин да се изразите во чет-опкружувањето.

По примерот на светските ѕвезди како Шакира, Лукас Подолски и многу други, кои имаат вибер-стикери, Северина им овозможи на нејзините фанови на интересен и забавен начин да бидат во тек со нејзината работа.

Пакетот содржи шарени, шармантни и забавни стикери, со познати наслови или текстови од нејзините песни, како “Virujen u te”, “Ovo će biti dobra noć predosjećam”, “Moje prijateljice,” Dobrodošao u klub “, ” Kuda za vikend? ” “Mili moj“, итн.

Сите стикери можат лесно да се применат во секојдневните ситуации. Преземањетоте на стикерите е многу лесно и потполно бесплатно. Покрај Хрватска, стикерите на Северина, засега се достапни во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија.

Соработката со Вибер, е доказ дека Северина навистина е кралица на регионалната музичка сцена и секогаш е еден чекор понапред.