За среќа цела година, италијанките носат црвена долна облека, бразилките во бело, гркинките се коцкаат….новогодишни ритуали ширум светот

79

Секој од нас има некој обичај кој се применува во ова време. А сега ќе ви откриеме некои занимливи навики на Европејците кои тие не ги изоставуваат.

*Кога помислувате на Италија, сигурно мислите на љубов. Токму најпопуларниот новогодишен обичај во оваа држава е поврзан за љубовта и убавите жени. Италијанките во текот на новогодишната ноќ мораат да носат нова, црвена долна облека доколку во наредната година сакаат да имаат среќа во љубовта. Важен предуслов е воодушевувачката облека да не ја купуваат сами, туку друг да им ја подари. Овој услов огнените италијански мажи со радост го прават. Италијанците најгласно ја прославуваат Новата година, бидејќи “колку вревата е поголема толку побргу ќе побегне злото #. Од куќата ги фрлаат сите стари и непотребни работи….од мебел до облека и тоа преку прозорец.

*Во Шпанија, пред Нова година во сите прехранбени продавници доаѓа до јагма по грозје. Се верува дека среќа ќе ги следи преку целата година доколку со секој звук на ѕвоното кое ја најавува Новата година се изеде по едно зрно грозје. Звуците на ѕвоното допираат од Саат-кулата во самиот центар на Мадрид, кој се вика Пуерта дел Сол. Секоја година постои и ТВ пренос од ѕвонењето кое се следи низ Шпанија. Водителите за време на преносот на новогодишната програма со ѕвонлив глас одбројуваат 12 отчукувања на ѕвоното.

*Картањето за Нова година е традиција во Грција. Обично се игра за некој симболичен паричен и обично по некој лаже. Тоа не ниту малку чудно: се смета дека победникот ќе го следи среќа наредната година. Втората шанса настапува на полноќ кога се служи василопита….тоа е колач од косело тесто во кое е скриена паричка. Тој кој ќе ја најде паричката може да смета на голема среќа. Василије е воедно и “главниот виновник# зошто на полноќ во детските чизмички се ставаат подароци.

*Данците во новогодишната ноќ влегуваат со многу искршени чинии пред куќниот праг. Старите чинии се чуваат преку цела година и во полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Многу скршени чинии симболизираат општествено богатство и пријатели.

*Австријците на Нова година како десерт на свечениот ручек подготвуваат сладолед од ментол во облика на детелина со четири листа.

*Стар сицилијански обичај наложува дека среќата ќе им дојде на оние кои за Нова година ќе јадат лазањи.

*Норвежаните се почестуваат со пудинг од ориз во кој има скриено зрно бадем. Личноста која ќе го најде ќе го следи среќа.

*Холанѓаните Новата година ја пречекуваат пржејќи крофни бидејќи веруваат дека тоа носи среќа.

*Јапонците со недели однапред ја планираат новогодишната прослава и во текот на декември одржуваат забави кои ги викаат боненкаи, со цел лошото да се остави зад себе и да се подготват за новиот почеток. Тие за нова година набавуваат посебна декорација за вратата и дворот за која се верува дека носи здравје и долг живот. Децата добиваат отошидамас… мал подарок со паричка во средината. Според јапонската традиција се опростувааат сите недоразбирања во семејството и меѓу пријателите со цел во Новата година да се влезе потполно чист. Камбаните на будистичките храмови ѕвонат 108 пати со цел да се избркаат 108 човечки слабости, а потоа сите се смеат за да ги истераат лошите духови.

*Кубанската традиција наложува на полноќ да се изедат 12 грејпфрути кои ги симболизираат месеците во годината, а почитувањето на овој обичај треба да донесе среќа.

*На Филипините е важно на полноќ при отчукувањето на часовникот да имаат полно храна на трпезата што осигурува благосостојба во годината која доаѓа.

*Во Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека за среќа и мир во наредната година.

*Во Јужна Америка спроти Нова година се бараат гаќички во одредена боја во зависност од земја до земја….црвени, розови или жолти. Во некои земји обичаите наложуваат долната облека да се носи наопаку.

Како и да е, кај речиси сите народи на полноќ се упатуваат најубави желби и бакнежи кои не се само дел од новогодишната еуфорија туку и завет за блискост во следните 12 месеци.