ЗА СИГУРНА ЗАШТИТА: Бразилец примил пет дози вакцина, на шестата го фатиле

750

Властите во Рио де Жанеиро во моментов истражуваат како еден маж успеал да прими најмалку пет дози од три различни вакцини против коронавирусот. Според извештаите, анонимниот човек се чувствува добро откако примил пет вакцини, и бил фатен како се обидува да ја добие шестата доза.

Според официјалните податоци, неименуванот маж започнал да прима вакцини против ковид -19 во мај, а потоа продолжил во јуни и јули, додека персоналот на пунктот за вакцинација, кога човекот се обидел да ја добие шестата доза, не открил за што станува збор, пренесува „Odditycentral“.

Извештаите до кои дошле бразилските медиуми покажуваат дека човекот прво ја примил вакцината Фајзер на 12 мај, а потоа АстраЗенека на 5 јуни. Следната била  Синовак на 17 јуни, по што Бразилецот отишол на втората доза на Фајзер на 9 јули и го завршил својот „маратон“ на 21 јули, исто така со Синовак.

Властите првично верувале дека има недостатоци во електронските записи, меѓутоа, истрагата на Општинското одделение за здравство во Рио покажала дека сепак не се случила грешка.

„Случајот се истражува со цел да се утврди дали имало грешка при регистрација во системот или некоја друга неправилност“, се наведува во извештајот на Општинското одделение за здравство.