За себе и ќерка си направила маски преку кои може да се чита од усните

947
Фото: Carl Bate/SWNS

Маските за лице им оневозможуваат на лицата со оштетен слух да читаат од усните и да знаат што говорат другите. За среќа, постои решение.

Џастин Бејт од Манчестер, 42-годишна графичка дизајнерка изработи маски за лице со пластични „прозорци“ преку устата за да си помогне на себе си и нејзината 10-годишна ќерка Теона. И двете сè со оштетен слух. Маските брзо станаа популарни меѓу луѓето.

Џастин е преплавена со нарачки, откако го осмислила овој дизјан на маски и ги објавила на социјалните мрежи. Нејзиниот сопруг Карл Бејт, вели дека не можат да постигнат да ги направат сите нарачки. Една маска чини 5,99 фунти.

Сега Џастин го подобрува животот на другите луѓе, а не само на своето семејство. Маските не го порачуваат само луѓе со оштетен слух.

„Тоа немаше врска со заработка на пари, туку сакавме да и помогнеме на нашата ќерка, да и го олесниме животот, рекол Карл за SWNS.