Дарко подготвува песна за Гранд продукција во две верзии при што првин ќе излезе песната на српски јазик, а потоа и на македонски, а во подготовки е и видеозаписот.

–  Песната носи наслов „Мојте спомени“, а за видеозаписот се планира тематика на спотот да е како што е текстот во истата. Искрено очекувам да биде добро прифатена затоа што се работи за типичен поп стил, нешто што во последно време не се снима многу често – кажа Дарко за Вечер.

Пејачот Дарко

Инаку музиката и текстот се на пејачот Дарко, а спотот ќе се сними во Македонија од страна на Шумански продукција, а тој исто како и ние со нетрпение ја очекува промоцијата во Гранд специјал.

Маја А.