ЗА САМО 10 ГОДИНИ: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката!

77

Вештачката општа интелигенција (AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите полиња во рок од 10 години, изјави Масајоши Сон, извршен директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank.

„Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе.

Таа сега учи сама, тренира сама и сама носи заклучоци, исто како и луѓето“, нагласи Сон, javi Cи-Ен-Ен.

Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој најави дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентен од збирот на целата човечка интелигенција.