За Русите небото е граница: Создадоа камен-шпион за следење на непријателот во услови на војна/ВИДЕО

273

Кадетите на Воздухопловната академија од Воронеж направија „шпионски камен“, роботски систем за следење на непријателите, особено корисен во воени услови, јавува телевизијата „Ѕвезда“.

„Итриот“ шпион се прикрадува по земја, а исто така, способен е без никакво движење да остане во мирување речиси 24 часа, се посочува во прилогот на „Ѕвезда“.

Кога ќе се активира сигналот на сензорот, каменот „оживува“. Операторот е оддалечен два километри. Сѐ се префрла во штабот, пренесува Спутник. Благодарение на камуфлажата и можноста за промена на положбата, шпионскиот камен може да ни се најде во рововска војна. Кога снајперистите ќе ги погодат сите мети во околината, а непријателот ја следи буквално секоја нерамнина, корисно е да се испрати добро камуфлиран робот да ја следи ситуацијата, наместо човек, пренесува телевизијата.

Како што се прецизира, шпионскиот камен е направен во Русија под раководство на Научно-технолошкиот комитет на Генералниот директорат за борбена обука на вооружените сили.