Истрагата за „Рекет“ има уште најмалку два дела, од кои едниот е за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, за уцена и изнуда на бизнисмени, и за тој дел шефицата на Обвинителствто за организиран криминал која го води случајот Вилма Рускоска досега нема изнесено детали.

Неофицијално, пренесува СДК, се сослушуваат бизнисмени, досега има изјави од неколку оштетени од Боки 13 и неговиот Сојуз, меѓу кои е и Ардијан Амзоски, оштетен со уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски.

Меѓународниот сојуз е формиран на 8 јули 2017, а на констиутивната седница присуствуваа и тогашната министерка за труд и социјална политика, а сега потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, а дел од управниот одбор е и актуелниот заменик-градоначалник на град Скопје и познат бизнисмен Енвер Малиќи. Ременски беше почесна претседателка на Сојузот.

ПРЕТХОДНО:

Катица Јанева одведена со полициска придружба

Обвинителството потврди: МВР ја уапси Катица Јанева

ОБНОВЕНО: Обвинителството потврди: МВР ја уапси Катица Јанева

Претрес во СЈО и во домот во Гевгелија

ЈО побара 30-дневен притвор за Катица Јанева

Јанева со полициска придружба го напушти СЈО

Русковска: Освен Јанева, нема други приведени

Определен 30-дневен притвор за обвинителката Катица Јанева

Јанева пристигна во Шутка, утре со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка