ЗА ПРВ ПАТ ВО ЗООЛОШКА – ТЕАТАР И МЈУЗИКЛ НА ВОВЧЕТО СО ХАКУНА МАТАТА

114

За прв пат во Скопје ќе се случи уникатен перформанс. Од Скопската зоолошка градина информираат дека на 23 и 24 јуни од 12 до 13 часот ќе се случува театарска претстава и мјузикл за деца на вовчето во Скопје Зоо со Хакуна Матата.

– Станува збор за детски перформанс со песнички за животните во вовчето. Со секое возење ќе имате можност да доживеете незаборавно музичко и театарско патување и дружба со животните – нагласуваат од Зоолошката градина.

Автор и режија на перформансот е Теа Беговска, музичар Енес Беговски, додека актери ќе бидат Миа Кантарџиева и Моника Ставревска.