Големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија го сними она што научниците го сметаат дека е прв визуелен доказ за создавање на планета.

Фотографиите го претставуваат густиот диск од прашина и гасови, а во него може да се види спирална структура, што научниците тврдат дека е показател за формирање на нова планета.

„Илјадници егзопланети се идентификувани досега, но малку се знае за нивното создавање“, вели Ентони Бочалети, кој ја води студијата во париската опсерваторија на Научниот универзитет во Париз.

„Мораме да ги набљудуваме младите системи, за да го фатиме моментот кога се создаваат планетите, додава тој.

Новите фотографии ја покажуваат спиралата на прашина и гасови кои се формираат околу младата ѕвезда во соѕвездието „Кочијаш“, оддалечено околи 520 светлосни години.