Новиот шампион на Италија, тимот на Интер, планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со неколку искусни фудбалери. Излезната врата од „Џузепе Меаца“ прво ќе му биде покажана на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, кој ќе се пресели во САД, а потоа и на играчот за врска, Стефано Сенси, кој сака да остане во Серија А.