За патување во Грција ќе ви треба налепница „НМК“

40

Со новото име, Република Северна Македонија, а согласно договорот од Преспа кој го потпишаа двете земји, доколку патувате во Грција ќе треба старата ознака да ја прекриете со нова налепница која ќе ја добиете од МВР, пренесува ТВ21.

Министерството за внатрешни работи има рок од 4 месеци за да изработи налепници со ознаката „NMK“ што е кратенка од Republic of the North Macedonia и доколку се патува во Грција ќе биде потребна оваа налепница.

Рокот за замена на таблите на дипломатско-конзуларните претставништва е три недели.

Уставните измени стапија во сила вечерва, а веб страницата на Владата веќе го носи новото име – Република Северна Македонија.