За основците од Струмица обезбедени 5.000 јаболка дневно

178

Пет илјади јаболка дневно за сите ученици од прво до деветто одделение во сите основни училишта обезбеди општина Струмица во рамки на проектот „Здрав оброк за секое дете“.

Почетокот на проектот беше означен во ОУ „Никола Вапцаров“, а на првото делење на јаболката присуствуваше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

– Се работи за ужинка, односно овошје, кое треба да иницира промени во начинот на исхраната на нашите деца – истакна Јаневски.

Секое дете јаболкото го добива во книжно ќесе на кое има и ознаки за употреба, а јаболката се од домашно производство. Инаку, неделно ќе се поделат еден тон јаболка, а до крајот на првото полугодие 240.000 јаболка или 48 тони.