За музичкиот феномен “Раке пуке, раке шлаке“ Лепа Брена дури и “рака исече“! Песна со Сања Ристеска која ја разниша нацијата

280

Уште тогаш Сања пленеше со својот изглед, но денес од она девојче, се претвори во зрела, атрактивна и заводлива жена, која може да застане рамо до рамо со светските ѕвезди. Најголемата популарност ја достигна со „Раке пуке, раке шлаке“, односно со хитот “Ме заболе“, кој ечеше на секој чекор.

Иако некои луѓе се потсмеваа, сепак песната си го најде својот пат до публиката, а не постои човек кој не го знае текстот. Песната стана хит, а беше пуштана на сите радио и ТВ-станици. Сања Ристеска направи вистински хаос на музичко поле кога на македонската естрада се појави со “Раке пуке, раке шлаке“. Пленеше и со својот секси изглед. Дури и екстра популарната Лепа Брена и беше љубоморна, “раце сечеше“ грабајќи се по некој таков хит. За утеха, Лепа Брена успеа да испее само една ни приближно толку популарна песна со исто така провокативна содржина: “Маче моје, твој је снажан твој је јак, хајде врата развали, па ме запали“…

Иако имаше и такви кои се потсмеваа, сепак песната со Сања и до денес се памти. И се пее на сите забави. После толку годни, Сања вели дека од естрадата не се откажува иако во оваа пандемија нема настапи, но си снима нови песни, како неодамна “Брат и сестра“ посветена на нашите иселеници, нивното заминување од родната Македонија. Една сосема, сосема поинаква песна од онаа “Раке пуке….“

Позгдона од кога и да е, Сања е денес сменета во секој поглед. Времето го поминува со семејство, а најмногу ужива во друштво на своето внуче Марио, за кое има посветено нежна песна насловена како „Марио, внуче сакано“.   Д.М.  фото:ФБ