Ученикот што учествуваше во инцидентот со наставничката во Трстеник, се обидел да се самоубие

1844

Момчето кое беше дел од инцидентот во Техничкото училиште во Трстеник, Србија, кога учениците и ја повлекоа столицата на професорката и го снимаа нејзиниот пад, се обидел да изврши самоубиство и ноќеска е пренесен во болницата во Крушевац. Неговата состојба е стабилна, а српските медиуми пренесуваат дека неговиот татко пријавил дека момчето се обидело да се самоубие.

Снимката што се појави на социјалните мрежи на која тројца ученици ја малтретираат професорката, а едниот од нив и ја повлекува столицата за таа да падне на подот додека другите снимаат и гласно се смеат, предизвика бурни реакции во јавноста, но и кај надлежните институции во Србија.

Ученикот кој ноќеска се обидел да се самоубие, по инцидентот беше исклучен од училиштетот, а Вишото јавно обвинителство во Круѓевац минатата недела против него и против уште еден ученик кој учествувал во инцидентот, покрена припремна постапка поради злоставување и измачување.

Таткото на момчето, Владан Живковиќ за српските медиуми рекол дека неговиот син истрчал од куќата откако видел како известуваат медиумите за него и по наводната заканувачка порака што ја примил потоа.

„Потрчав по него, но не успеав да го стигнам. Се вратив дома и размислував кого да повикам и што да направам кога слушнав вресок. Потрчав и таму го видов син ми. Веднаш повикав полиција и брза помош, кои стигнаа во секунда. Полицаецот го спаси“ – раскажал таткото на момчето.

Овој случај на ученичко насилство беше повод за протестите што се одржаа во четвртокот во 47 градови во Србија. Просветните работници бараат да се сопре секаков вид на насилство во училиштатат и наставниците да добијат статус на службени лица.