За земјотресот во Албанија: „Несоодветно за на работа“ и „Петар Пан“ – изведби во хуманитарни цели

145

Средствата од претставите „Несоодветно за на работа“ на Драмски театар и „Петар Пан“ на Театарот за деца и младинци, кои ќе се изведат на 30 ноември (сабота) ќе бидат донирани на сметката на Црвен крст за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што неодамна се случи во Албанија.

„Драмски театар -Скопје изразува огромно жалење за жртвите и настанатата материјална штета која ја зафати Република Албанија по катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 ноември во раните утрински часови“, стои во соопштението на оваа институција, а цената за билетот за „Несоодветно за на работа“ ќе изнесува 200 денари.

„Театар за деца и младинци – Скопје, ќе го даде својот придонес за настраданите, така што целокупниот приход од претставата ‘Петар Пан’ ќе го донира на сметката на Црвен крст“, посочуваат од ТДМ.