За жените на село 180 илјади денари неповратна финансиска поддршка

125

Неповратната финансиска поддршка од 180 илјади денари е за инвестиции коишто ќе придонесат за развој на руралните средини. Ова е мерката која ја прифати денеска Владата на 136 седница, која предвидува изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година, во насока на поддршка на жените од руралните средини.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница беше прифатен и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во Република Северна Македонија и Културно – информативни центри во Република Албанија.