epa07937154 Zagreb's head coach Veselin Vujovic reacts during the EHF Champion League handball match between PPD Zagreb and MOL-Pick Szeged in Zagreb, Croatia, 20 October 2019. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Изјавата на црногорскиот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ, во која данскиот играч Матијас Гидсел го нарече „глувче“ наиде на жестоки реакции кај данската ракометна јавност. Вујовиќ, кој го предводеше Иран на Светското првенство во Полска и Шведска го критикуваше Гидсел што не му подаде рака на Домагој Дувњак по нивниот дуел на мечот меѓу Данска и Хрватска.

„Натпреварот беше прекрасен, но дека Гидсел успеа да ми расипе се. Тоа глувче ми го уништи мечот. Домагој Дувњак, еден од најголемите во историјата, ти подава рака, а ти кутар кутар не сакаш да прифатиш извинување. Срам да ти е, се лигавиш, не треба да  ја миеш раката месец дена кога Дувњак ќе ти подаде рака“, изјави Вујовиќ.

“Мислев да останам на тоа, но она што се случи подоцна беше над нормалното. Мојата ќерка добива навредливи пораки на социјалните мрежи поради мојата изјава за Гидсел. Не можам да разберам дека почнаа да вадат и некои од моите грешки кои беа направени порано во кариерата“, откри Вујовиќ.

Меѓу другото, еден дански медиум напиша дека како селектор на Србија и Црна Гора на Европското првенство во 2006 година бил осомничен декаи го предал натпреварот на Хрватска.

“Можете да замислите колку не ми е гајле што пишуваат.  Не ме интересираат. Не сакав никого да навредам, но Дувњак го познавам со години како великан, господин, фантастичен млад човек. Реагирав само затоа што не мислев дека реакцијата на Гидселова е соодветна“.

Овој инцидент дополнително ја зголеми популарноста на Вујовиќ во Хрватска, каде што сега многумина го посакуваат за селектор, по неуспехот на „каубоите“ на Мундијалот.

„Веќе многу пати кажав што мислам за хрватската репрезентација, но подеднакво сум сигурен дека во следните 30 години нема шанси странец да биде селектор на Хрватска. Знаете како оди, без разлика што сакам. Реалноста е нешто сосема друго“.