За една недела санкционирани 153 непрописно паркирани возила

8

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција, во текот на една недела санкционираа 153 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.06. до 28.06.2020 година, со помош на пајак отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.