За една недела отстранети 288 непрописно паркирани возила

64

Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2019 година) со специјалните возила пајак на ЈП „Градски паркинг“ подигнати се 288 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 48 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

– Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  488 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 48 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето – велат од Град Скопје.