Свежата зелка има многу витамин Ц, но и други витамини и минерали неопходни за човековото тело. Зелката е здрава во сите варијанти – и свежа како салата, но и зготвена.

За зајакнување на имунитетот или побрзо закрепнување од настинки, денес за вас одбравме чорба од зелка и други зеленчуци.

Потребно е:

  • 1 главица кромид
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1 кг свежа зелка
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • 1 лажиче оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 л доматно пире
  • 2 л вода
  • сол

Подготовка:

Кромидот и празот ситно се сечкаат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се продолжува со варење 5 минути.

Лукот се сечка поситно, морковот се лупи и ренда, па потоа се додаваат во садот со кромидот и празот.

Ставете уште една шолја вода.

Се додаваат и коцката за супа и ориганото.

Зелката се сечка ситно, па и таа се става во истото тенџере. За да биде помека, добро е да и додадете малку оцет и ја изгмечите со раце.

Додадете ги и доматното пире и 2 литри вода.

Се вари заедно околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна класична запршка, која и не е многу здрава, но на крајот можете да додадете лажица брашно и лажиче црвен пипер изматени со малку студена вода доколку сакате чорбата да биде погуста.

На здравје!