Заштити‌ ‌го‌ ‌канализацискиот‌ ‌систем‌ ‌„Биди‌ ‌одговорен,‌ ‌однесувај‌ ‌се‌ ‌совесно“‌ ‌

593

Одржувањето‌ ‌на‌ ‌системот‌ ‌за‌ ‌одведување‌ ‌на‌ ‌урбани‌ ‌отпадни‌ ‌води‌ ‌и‌ ‌третманот‌ ‌на‌ ‌отпадните‌ ‌води‌ ‌е‌ ‌од‌ ‌исклучително‌ ‌значење‌ ‌за‌ ‌заедницата,‌ ‌за‌ ‌санитарната‌ ‌и‌ ‌здравствена‌ ‌заштита,‌ ‌како‌ ‌и‌ ‌за‌ ‌заштита‌ ‌на‌ ‌животната‌ ‌средина‌ ‌од‌ ‌загадување.‌ ‌ ‌

‌Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека нивните екипи често се‌ ‌сведоци‌ ‌на‌ ‌затната‌ ‌канализациска‌ ‌мрежа,‌ ‌а‌ ‌како‌ ‌причина‌ ‌за‌ ‌тоа‌ ‌е‌ ‌неправилно‌ ‌одложен‌ ‌отпад‌ ‌од‌ ‌домаќинствата,‌ ‌градежен‌ ‌шут,‌ ‌кабаст‌ ‌отпад‌ ‌и‌ ‌други‌ ‌предмети.‌ ‌

-Канализацискиот‌ ‌систем‌ ‌не‌ ‌е‌ ‌депонија.‌ ‌При‌ ‌неодговорно‌ ‌и‌ ‌несовесно‌ ‌одлагање‌ ‌на‌ ‌отпад‌ ‌во‌ ‌системот‌ ‌за‌ ‌одведување‌ ‌на‌ ‌урбани‌ ‌отпадни‌ ‌води,‌ ‌се‌ ‌нарушува‌  ‌неговата‌ ‌функционалност‌ ‌и‌ ‌најчесто‌ ‌доаѓа‌ ‌до‌ ‌излевање‌ ‌на‌ ‌отпадните‌ ‌води,‌ ‌кои‌ ‌доколку‌ ‌не‌ ‌се‌ ‌пречистени‌ ‌и‌ ‌правилно‌ ‌третирани‌ ‌штетно‌ ‌влијаат‌ ‌врз‌ ‌здравјето‌ ‌на‌ ‌луѓето‌ ‌и‌ ‌врз‌ ‌животната‌ ‌средина-потенцираат од претпријатието.‌ ‌ ‌

‌Оттаму апелираат : „Затоа‌ ‌„Биди‌ ‌одговорен,‌ ‌однесувај‌ ‌се‌ ‌совесно“,‌ ‌заштити‌ ‌го‌ ‌канализацискиот‌ ‌систем,‌ ‌здравјето‌ ‌и‌ ‌животната‌ ‌средина.‌ ‌Правилно‌ ‌одложувај‌ ‌го‌ ‌отпадот‌ ‌-‌ ‌селектирај‌ ‌го‌ ‌за‌ ‌да‌ ‌се‌ ‌рециклира‌ ‌и‌ ‌реупотреби.‌ ‌Доколку‌ ‌си‌ ‌далеку‌ ‌од‌ ‌контејнерите‌ ‌за‌ ‌селектиран‌ ‌стаклен‌ ‌отпад,‌ ‌повикај‌ ‌го‌ ‌тимот‌ ‌на‌ ‌„Пакомак“‌ ‌на‌ ‌072‌ ‌26‌ ‌66‌ ‌26.‌ ‌Сортирај‌ ‌го‌ ‌кабастиот‌ ‌отпад‌ ‌и‌ ‌за‌ ‌негово‌ ‌отстранување‌, повикај‌ ‌ги‌ ‌општинските‌ ‌служби‌ ‌или‌ ‌екипите‌ ‌на‌ ‌јавното претпријатие „‌Комунална‌ ‌хигиена“‌ ‌на‌ ‌0800‌ ‌222‌ ‌33“.‌ ‌

‌Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да пријават‌ ‌див‌ ‌водоводен‌ ‌приклучок‌ ‌и‌ ‌злоупотреба‌ ‌на‌ ‌канализацискиот‌ ‌систем‌ ‌на телефонските броеви:‌ 02‌ ‌3073‌ ‌010‌,‌ во‌дежурно‌ ‌информативен‌ ‌центар, 02‌ ‌3240‌ ‌300‌,‌ во дирекција‌ та на претпријатието и а елктронските адреси: kontakt@vodovod-skopje.com.mk‌, www.vodovod-skopje.com.mk‌ , www.facebook.com/jpvodovod.skopje‌.‌