За време на последниот состанок кој го имал со раководните лица, најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Вилфред Заха, ги информирал истите дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Освен дека не сака повеќе да го носи дресот на Кристал Палас, поранешниот фудбалер на Кардиф и Манчестер Јунајтед, открил дека сака да биде продаден на клуб кој во новата клупска сезона ќе се бори за шампионската титула и ќе игра во Лигата на шампиони.