Захарова ја критикува американската милитаризација на сајбер просторот

29
САД се однесуваат се полошо во сајбер просторот, бидејќи почнаа со негова милитаризација, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа го изјави тоа реагирајќи на хакерскиот напад на американската Агенција за национална безбедност против Кина, пренесе ТАС С.

„Разузнавачките служби на САД и нејзините сојузници системски ги користат информациските и комуникациските техонологии за следење и кражба на лични податоци, како и организирање компјутерски напади, потпирајќи се на техничките можности на американските комплании кои ги монополизираат глобалните пазари, забележа Захарова.

Таа додаде дека субверзивните акции од хибридна природа, кои се прелеваат во информациското и медиското опкружување, не ги кријат намерите да остварат профит и да овозможат безбедност на сметка на другите.

Захарова нагласи дека САД тежнеат кон зајакнување на својата глобална дигитална хегемонија заснована на употреба на сила, додека промовираат правила и ред во информациските и комуникациските технологии, а Вашинготн истовремено не почитува никакви правила“.

Како што претходно извести кинески Глобал Тајмс, Пекинг ја смета НСА за одговорна за хакерскиот напад на универзитетот Нортвестерн политехникал, кој се занимава со воздухопловство и навигација.

Според весникот, во јуни вработерни во НСА испраќале мејслови со програми со „тројанци“ на предавачите и студентите на универзитетот во обид да ги украдат нивните податоци.