„Затворањето“ на Британија, не ја спречи продажбата на новогодишни елки на отворено

16

Со одлука на британската Влада продажбата на новогодишни елки да се класифицира како „основна“ стока, викендов е можно да се купат новогодишни елки на тезги и фарми во Англија.

Здружението на одгледувачи на елки се залагаше за промена на одлуката според која само супермаркетите се изземени од забраната за работа, нагласувајќи дека продажбата ќе се одвива надвор, каде што е полесно да се почитуваат мерките на физичка дистанца, пренесува „Гардијан“.

Здружението брои повеќе од 320 члена кои продаваат дрвја, со свежи венци и новогодишни елки по цени генерално пониски отколку во цвеќарниците.

Извор:МИ