Володимир Зеленски беше во Њујорк каде, меѓу другото, пред Советот за безбедност рече дека само фундаментална реформа на ОН може да донесе мир во Украина и да спречи идни напади од сличен тип.
Зеленски рече дека војната во Украина покажа дека правото на вето не може да биде неограничено и дека треба да му се дозволи на Генералното собрание на ОН да го откаже. Тој додаде дека треба да се зголеми бројот на постојани членки на Советот за безбедност. Украинскиот претседател изјави и дека фактот што Русија, земјата која ја нападна неговата земја и може да го блокира секој обид на Советот за безбедност да стави крај на војната во Украина, ги направи ОН на шега, пренесува Јутарњи.хр.
Меѓутоа, она за што сега брмчат светските медиуми е урнебесен, но и засрамувачки кикс во поздравната порака во центарот на Њујорк.
Имено, на голем дигитален билборд наместо „Слава на Украина“ се појави пораката „Слава на урината“. Видеото, се разбира, стана вирално.
Компанијата која управува со билбордот објасни дека грешката била предизвикана од интелигентен систем кој автоматски го коригирал зборот Украина во слична форма – урина.
Glory to the urine !
There was a greeting message for Zelenski’s arrival in New York. But instead of Glory to Ukraine, the flag read Glory to urine .
The company that owns the screen explained that the error was caused by an intelligent system that compared the yellow color… pic.twitter.com/B2jzXZFIBh
— Sprinter (@Sprinter99800) September 21, 2023