Заснежи на повеќе планински места во Македонија/ВИДЕО

81

Како што најавија метеоролозите денеска падна снег на Маврово, Нижеполе и Пелистер, а тоа го потврдија и граѓаните кои објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави дека во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег.

За утре прогнозите се исто така студено време, само со слаб до умерен ветер од северен правец.

На Фејсбук страната на Караџица — дом вечерва беше објавено видео на кое се гледа како паѓа првиот снег.