Во овие летни денови единствениот десерт кој добро ќе ве освежи и разлади е сладоледот. А, поради големиот избор на овошје во овој период, сладоледот можеме да го правиме и консумираме во најразлични вкусови.
Како одличен предлог е сладоледот од малини.
Потребни состојки:
½ килограм малини
175 грама шеќер
600 мл. вода
1 портокал
3 белки од јајце
Начин на подготовка:
Малините изматете ги со миксер, а потоа испасирајте ги низ цедалка. Ставете го шеќерот во вода, па загрејте до вриење и оставете го да врие 10 минути. Тргнете го сирупот од оган и оставете го да се олади.
Во малините исцедете го сокот од портокал, па се заедно додадете го во сирупот. Ставете во замрзнувач да се лади.
По два часа, изматете цврст снег од три белки, па додадете ги на сладоледот, промешајте се и вратете ја смесата во замрзнувач.