Засилена полициска контрола, санкционирани дури 404 возачи

18

Во текот на вчерашниот ден (5.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 404 возачи.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 231 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 173 надвор од населено место