Засилена контрола на патиштата – Санкционирани 152 возачи за брзо возење

8

Полицијата во засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера санкционирала 152 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.