Започнува Школата за кореографија организирана од Локомотива

36

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ денеска и утре организира „Школа за кореографија“, со концепт развиен во соработка со Зринка Ужбинец, драматург од Хрватска и кореографот Александар Георгиев од Северна Македонија

Школата се реализира во партнерство со Интерарт културен центар и универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе учестуваат студентите од катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, ќе опфати предавања и часови по кореографија и танц што ќе се реализираат со физичко присуство и онлајн.

За време на школата ќе има ограничувања во врска со бројот на учесници и практична адаптираност на часовите, поради епидемиолошките случувања поврзани со пандемијата на коронавирусот.

„Школа за кореографија“ е дел од од програмата „Современ танц и кореографија“ на Локомотива што е поддржан од Министерство за култура, куриран е од Биљана Тануровска-Кулавковски, и продуциран од Виолета Качакова.

Концептот на Школата за кореографија работи преку индивидуалните и колективните процеси и нуди две навидум различни, а сепак меѓусебно поврзани концептни линии: Автономија на танцот и проширена кореографија.

Во рамки на Школата за кореографија ќе се дискутира и  дискурсот за танцот и кореографијата, што е  од големо значење  да се разбере меѓусебната врска помеѓу нив, во текот на последните десет години.

Извор:МИА