Започнува примена на ковид-пропусници во Србија: За непочитување на мерката казните се огромни

91

Во угостителските објекти во затворено, од утре во 22 часот гостите ќе можат да влезат во угостителските објекти во затворен простор, само со потврди за вакцинација или прележана болест, кои веќе ги имаат во писмена или електронска форма.

Истото ќе важи и за негативен резултат од ПЦР тест (не постар од 72 часа) и антигенски тест, не постар од 48 часа.

Она што е ново, во однос на трите услови за ковид потврда, е дека валиден „пасош“ ќе биде и резултат од тест на антитела, кој потврдува доволно ниво на заштита, но под услов да е издаден во државна институција. Вчера беше договорено контролата за почитување на новата антиепидемиска мерка да почне веднаш во сабота навечер, но инспекторите ќе „издаваат“ само усни опомени, а со казни ќе почнат од понеделник, 25 октомври.

Оние кои ќе ги игнорираат новите правила ќе бидат казнети – 300.000 за правно лице, 150.000 за претприемач и 50.000 динари за одговорно лице во објектот.

Редарите кои нема да си ја вршат работата ќе треба да платат 30.000 динари, а гостин без потврда за Ковид, после 22 часот – 5.000 динари!

Гостите кои ќе ги напуштат кафулињата и рестораните пред 22 часот, не мора да имаат ковид потврда, која е задолжителна за оние кои ќе останат на такви простории подолго или до крајот на ноќта, еден часот по полноќ.