– Изградбата на базенот до спортската сала „Партизан“ оди заедно во комплет со уште три базени во Чаир, Струмица и Кавадарци. Јавната набавка за избор на најповолен изведувач треба да заврши за 15 дена. Работите треба да се изведат во рок од 18 месеци од денот на воведување во работа, изјави за весникот ВЕЧЕР директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Изградбата на базенот ќе чини 42,5 милиони денари со ДДВ, додека проценетата вредност на изградбата на сите четири базени кои одат во пакет изнесува 144.067.797 денари. Реконструкцијата на спортската сала која е со површина од 1.617 квадратни метри ќе чини 75 милиони денари со ДДВ, односно според тендерот проценетата вредност изнесува 59.322.034 денари без ДДВ
Карпошани, воедно и скопјани ќе добијат нова спортска сала и затворен пливачки базен. Агенцијата за млади и спорт веќе ги распиша двата тендери, едниот за изградба на четири пливачки базени и тоа: во општина Карпош кој ќе биде до спортската сала „Партизан“, додека вториот е за реконструкција на самата сала „Партизан“.
– Изградбата на базенот до спортската сала „Партизан“ оди заедно во комплет со уште три базени: во Чаир, Струмица и Кавадарци. Јавната набавка за избор на најповолен изведувач треба да заврши за 15 дена. Работите треба да се изведат во рок од 18 месеци од денот на воведување во работа – изјави за весникот ВЕЧЕР директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Тој информираше дека се работи за типски школски базен според светски стандарди кој ќе биде со должина од 25 метри, широчина од 8 до 9 метри и длабочина од 1,2 метри, а ќе биде со површина од 641 квадратен метар.
Мојсовски вели дека базенот ќе го користат, пред сè, учениците од основните училишта во Карпош, во рамките на физичко образование, а по часовите, попладне ќе можат да го користат и заинтересираните граѓани.
Според него, изградбата на базенот ќе чини 42, 5 милиони денари со ДДВ додека проценетата вредност на изградбата на сите четири базени кои одат во пакет изнесува 144.067.797 денари.
Заинтересираните фирми своите понуди за изградба на базените во Карпош и Чаир, но и за базените во Струмица и во Кавадарци ќе можат да ги достават најдоцна до шести октомври до 14 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање.
Освен базенот кој ќе биде до спортската сала „Партизан“, ќе се реконструира и самата сала според идејниот проект што го избра Општина Карпош, а е на меѓународната НВО „Културно ехо“, подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро, кој доби најмногу гласови од граѓаните и тоа 878, додека идејниот проект, кој беше подготвен од Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски, доби 444 гласа.
Врз основа на идејниот проект, пак, се изработи и основниот проект.
Како што информираше Мојсовски, реконструкцијата на спортската сала која е со површина од 1.617 квадратни метри ќе чини 75 милиони денари со ДДВ, односно според тендерот проценетата вредност изнесува 59.322.034 денари без ДДВ. Заинтересираните фирми за реконструкција на спортската сала „Партизан“, понудите треба да ги достават најдоцна до први октомври до 14 часот кога и ќе се спроведе нивно јавно отворање.
Спортската сала „Партизан“ е изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 година, како донација од народот на Франција.
Спортскиот објект е дело на архитектот Трајко Димитров, кој според првичната идеја требало да има два ката, но според добиените средства е реализирано приземје и еден кат. Во салата се практикувале следниве спортски содржини: одбојка, гимнастика, кошарка, борење, бокс, атлетика, слетови, ритмичко-спортска/модерна гимнастика, пинг-понг, стрелаштво и други спортски активности. Салата работела секој ден од 8 до 22 часот, со програма за сите возрасти, од деца од предучилишна возраст до највозрасната категорија.
Преку тогаш функционалното друштво „Партизан“, добар дел од рекреативните посетители на салата стануваат успешни професионални спортисти, освојувајќи голем број на медали, дипломи и плакети.
(А.П.)